Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана кај 30-годишен охриѓанец на улицата „Партизанска“

Охрид, 10. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти март 2023 година, во 21:45 часот пред казино на улица „Партизанска“ во Охрид, лишен е од слобода 30-годишниот К.Т. од Охрид.

– При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука