Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за родители на 16-месечно бебе од Струга, во нивниот дом врз детето паднал дел од мебел и го повредил

Струга, 10. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 25-годишниот А.М. и неговата вонбрачна сопруга, 21-годишната А.И., двајцата од Струга.

– На 12-ти февруари 2023 година, околу 11:00 часот, во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св. Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. По преземени мерки констатирано е дека во домот на пријавените врз малолетникот паднал дел од мебел, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука