Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

141 санкција за непрописно престигнување, од нив 56 на територијата на СВР Охрид

Скопје/Охрид, 13. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 13 Март 2023 година, во периодот од 07:00 до 12:00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија.

– При тоа се санкционирани 141 возач, од кои 56 на територијата на СВР Охрид. За време на контролата санкционирани се и 171 други видови на прекршоци, информираат од МВР.

Додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука