Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Dj IRon во сабота го носи звукот на Београдски синдикат во клуб Rebel

Охрид, 13. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е уште еден викенд кој ќе понуди врвна забава на број 1 подиумот во Охрид – клуб Rebel.

Во сабота, на 18-ти март во клуб Rebel можете да уживате со сетот на Dj Iron, кој го носи звукот на легендарните Београдски синдикат во Охрид.

Стефан Нововиќ aka Dj Iron е еден од најпознатите и најактивни Dj-и кои доаѓаат од Србија, со искуство од над 15 години на сцената. На своите сетови редовно нуди одбрани секвенци од различни музички правци полни со groove кој едноставно ве тера да играте. Уште од неговите тинејџерски години, инспириран од легендарното радио шоу Solid Steel на Coldcut, DJ IRon влезе во светот на музиката, врвното диџејство и одличните забави.

Страствен и посветен во својата бескрајна потрага по најдоброто од Soul, Funk, Dub и Hip-Hop музиката, тој ги усоврши своите вештини за грамофон за да одговара на извонредноста на неговиот музички избор. Од кафе барови и клубови до спортски сали и големи фестивали како главната сцена на Exit Festival во 2016 година. Тој пушта музика заедно со врвни Dj-и и музичари како Dj Vadim, JStar, Rudimental, Freestylers, Pendulum, Stanton Warriors, Dynamite Mc, Ollie Teeba, Nightmares on Wax, The Prodigy, Gramatik, Shuya Okino итн. Повеќе од 10 години настапува со најпопуларната српска Hip-Hop група Београдски синдикат, со кои бил и на големи меѓународни турнеи во Русија, ОАЕ, САД, Швајцарија. За него тоа се значајни искуства и достигнувања сами по себе, но и само последици од суштинскиот квалитет на IRon – огромната страст и решеност да се стави на сечие лице најискрената насмевка од музикатга. Сите кои биле на неговите забави, велат дека кој и да има можност да ужива во некоја неговата изведба, подобро да го направи тоа.

Заедно со Dj IRon истата вечер ќе настапи и Dj Chvare, кој е добро познато име и човек кој е „виновен“ за бројни врвни забави и важи за еден од најистакнатите диџеи во Македонија. Го разви својот звук со фокус на хип хоп, фанк и џез. Покрај редовните настапи во Македонија, тој настапува и низ Балканот, но и во Шпанија, Холандија, Чешка, Тајланд, Кипар итн. Неговите најзначајни сценски соработки ги вклучуваат: SAF (Македонија), Dj Angelo (Велика Британија), Jon1st (Велика Британија), Dj 279 (Велика Британија), Dj CLK (Велика Британија), Propo’88 (Холандија), Dj Faze (Франција), Dj Rob Manga (Холандија), Dj Oli Doboli (Хрватска), Coolio (САД), Bad Copy и други.

Забавата овој викенд во клуб Rebel започнува со настапот на Dj Yuxell во петок, на 17-ти март.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel повторно е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука