Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Куп на Македонија: „Гладијаторите“ гостуваат кај Вардар

Охрид, 14. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Претстојниот викенд се играат четвртфиналните средби од ракометниот Куп на Македонија.

Во рамки на групата 1, ГРК Охрид во Скопје се среќава со Вардар.

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „" Bo сабота не очекува натпревар од купот против актуелниот македонски шампион вардар *hummel SN и Toa на гостински терен. вардар e голем фаворит но ако ja повториме играта од последниот натпревар KOj TO игравме co вардар на домашен терен, се надевам дека и ние ke имаме свои шанси достојно ke ce претставиме. дека рк.вардар. в 1961 крсте андоновски Vs охрид сабота, 18.03. @ 17:00 ч. сала „JaHe сандански“ -скопје“

– Во сабота нé очекува натпревар од купот против актуелниот македонски шампион Вардар и тоа на гостински терен. Вардар е голем фаворит, но ако ја повториме играта од последниот натпревар кој го игравме со Вардар на домашен терен се надевам дека и ние ќе имаме свои шанси и дека достојно ќе се претставиме, вели крилниот играч Крсте Андоновски.

Натпреварот ќе се одигра в сабота, 18-ти март, во салата „Јане Сандански“ од 17:00 часот.

Победникот ќе вкрсти со подобриот од дуелот РК Јуниор КВ и РК Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука