Охрид, 15. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Овој период на годината, кога полека ја оставаме зад нас зимата, знае често да не изненадува со промени во времето.
Изминативе девет дена имавме девет „ума“ со времето. Facebook страницата Охрид најубав/Ohrid najubav, која објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид објави заедничка фотографија од последните девет дена, на која се гледаат промените во времето.
– Ред сонце, ред дожд, ред облачно време, ред и релативно високи температури за овој период од годината. Немавме само снег, кој за жал оваа година скоро и да го немавме во градот, а најверојатно така и ќе остане оваа зима. порачуваат од „Охрид најубав“.
Од УХМР за денеска најавуваат претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Доцна попладне и во текот на ноќта поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места.
– Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени, во Охрид до 8, информираат од АМСМ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес