Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Бродот „Галеб“ делумно изваден на копно кај каналот „Студенчишта“, се врши редовна регистрација

Охрид, 15. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бродот „Галеб“ делумно е изваден на копно кај влезот во каналот „Студенчишта“.

Читатели на OhridPress до нашата редакција испратија фотографии. Контактиравме со надлежните од бродот и ни кажаа дека тоа е направено заради редовна регистрација на пловилото.

– Ќе правиме редовна регистрација и очекуваме да дојдат овластени лица од фирма од Србија. Од нив зависи, побарано е бродот да се извади и чекаме да дојдат, велат за OhridPress од бродот „Галеб“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука