Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во јануари во Охрид издадени се 52 одобренија за градба, планирана е изградба на 68 станови

Охрид, 15. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во месец јануари 2023 година во Охрид биле издадени 52 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Од нив на 21 инвеститор е физичко лице, а на 31 правен субјект. Предвидена е градба на 68 станови, со вкупна корисна површина од 5.100 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се се издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во јануари 2023 година издадени се 390 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 169 се наменети за објекти од високоградба, 131 за објекти од нискоградба и 90 за објекти за реконструкција. Од вкупно 390 објекти, на 182 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 208 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 677 станови, со вкупна корисна површина од 57.990 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука