Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 17. степени

Охрид, 27. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 17. степени.

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег. Утре ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 км/час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука