Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде кокаин, наменет за натамошна продажба кај лице од Ресен во охридски ноќен клуб

Охрид, 27. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишниот Ф.Ш. од Ресен, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– При контрола извршена во ноќен клуб на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин, наменет за натамошна продажба, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука