Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 7. степени

Охрид, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и студено време со засилен до силен ветер од северен правец (локално над 80 км/час). Во утринските часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Денес ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува засилен до силен северен ветер, наместа со брзина и над 80 км/час. На планините повремено ќе провејува снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно. Утрински температури утре и во четврток во повеќе места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука