Избор Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Млади охридски музичари дел од „Денот на пијаното“ во Битола

Битола/Охрид, 27. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Офицерскиот дом во Битола се одбележа „Денот на пијаното“, настан кој и годинава привлече голем број посетители и силни аплаузи.

Организатор на настанот е Здружението на пијанисти и педагози „Пијано“ од Битола, поддржан од општина Битола и Културно информативниот центар и е дел од културната програма на општината за оваа година. Секое ново издание изобилува со инвентивност и креативност, што претставува инспирација и поттик за создавачите на музиката, нејзините изведувачи и слушатели, јави Тв Тера.

Музичкиот дел го исполнија 50 млади таленти од музичките училишта од Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија и Скопје.

Програмскиот дел, беше збогатен и со предавање на психологот Нина Тасевска, на тема „Улогата на наставникот во надминување на психолошките предизвици при јавен настап“. Ексклузивно и премиерно настапи и триото „Трифоника“ – пијано 6 раце, кое што е единствено трио според својот состав во овој дел од нашата држава. (Крај)

извор: Тв Тера фото: Тв Тера

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука