Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Австрискиот претседател Ван Дер Белен од Охрид ја започнува посетата на Република Македонија

Скопје/Охрид, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Официјалната посета на Република Македонија, сојузниот претседател на Република Австрија Ван дер Белен ја започнува денеска со посета на Охрид.

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, утре ќе биде домаќин на Ван дер Белен и неговата сопруга, Дорис Шмидауер.

Ван дер Белен ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен и пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и Австрија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Ван дер Белен и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Предвидено е двајцата претседатели да се обратат на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Република Македонија и Австрија“. (Крај)

извор: локално.мк фото: локално.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука