Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Регионална конференција „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“ на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид

Охрид, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, со почеток од 15:00 часот, на Универзитет за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Џуниор Ачивмент Македонија ја организира конференцијата „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“.

– Настанот има за цел да го привлече вниманието на јавноста во нашата земја за важноста на претприемничкото образование и дека секој млад човек треба да има барем едно практично претприемничко искуство пред да го напушти училиштето. Конференцијата ќе спои претставници од Џуниор Ачивмент организации од Албанија, Бугарија, Грузија, Молдавија, Романија, Србија и ЏА Европа со цел понатамошно зајакнување на нашата регионална соработка во областа на претприемничкото образование. Преку панел дискусии, претставници од регионалните канцеларии на Џуниор Ачивмент и УСАИД, заедно со претставници од образовни институции, невладини организации и наставен кадар, ќе дискутираат за важноста на претприемничкото образование за успех во глобалната економија, за зајакнување на вештините и компетенциите на младите, како и важноста од промени, модернизација и следењето на најновите трендови во образованието, информираат од Универзитетот.

Конференцијата се организира во рамки на Проектот на УСАИД за Поддршка на претприемничко учење во Југоисточна Европа и Евроазија, имплементиран од Џуниор Ачивмент Македонија. Проектот им овозможува на младите да се стекнат со практично искуство за водење бизнис и развивање на нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиско работење, потребни за успешно водење на економијата во земјата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука