ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Жанко ЗШ Голабоски гостин во утринската програма „Добро утро, секое утро“ на Алфа ТВ

Охрид, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски радио водител, но и планинар и вљубеник во природата Жанко ЗШ Голабоски гостуваше во утринската програма „Добро утро, секое утро“ на телевизија Алфа.

Во разговорот со Сузана Турунџиева опфатија повеќе теми, од неговите секојдневните работни обврски како  водител во Супер радио, до љубовта кон планината, велосипедизмот, еко културата, сето тоа проткаено со доза хумор, во препознатливиот стил на Жанко.

https://www.youtube.com/watch?v=KA_qzTG3kQw

Потенцира дека ги сака и радиото и телевизијата, но сепак негова прва љубов е радиото. Проговори за неговата секојдневна рутина и за емисијата „Охрде не бери гајле“ што полни 18 години ја води на Супер радио.

– Емисијата „Охрде не бери гајле“ е во живо, секој ден од 08:00 до 10:00 часот. Конкретно темите се она што е актуелно, го пласираме, тука е хуморот пред сé, добра музика, македонска и ретро хитови за утринска дружба. Мене радиото ми е прва љувбов, а ја сакам и телевизијата. Предностите на радиото, еве јас конкретно кога заборувам на микрофон се однесувам како публиката да е пред мене. Имавме 76/7 часа маратонска емисија со Сашо Митран за Гинис, се крена градот и државата и веќе кога зборувам на микрофон како пред мене да е публиката. Знам дека и луѓето го почнуваат денот со мене и излегува како едно дружење, вели Голабоски, додавајќи дека она што му несостасува се повеќе македонски емисии, вели колку и да е скап проектот, не е тешко да се направи наша емисија, а за тоа имаме и талентирани луѓе.

Еко акциите се нешто што го прави мошне успешно, ја начнаа и темата за грижата за езерото, а се навратија и на 2019 година, кога Жанко беше прв охрѓанец што ја реализира западната трансферзала.

– Ние сме чистеле многу локации и покрај реките и покрај патиштата и во планините. Тоа се создадени депонии, ќе исчитиме одредено место за само после неколку дена повторно да се претвори во депонија. Решение е само казна, рече Голабоски.

Повторувајќи го неговото препознатливо мото „Движи се да не заборавиш да одиш“, тој го најави четвртото издание на планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“, што ќе се одржи на 17-ти и 18-ти јуни. Може да учествува секој, не само планинари, ќе се вози велосипед околу езеро по повод Денот на Охридското Езеро, на 17-ти јуни вечерта на Корита ќе има камп со логорски оган, анастанот завршува на плажа во Љубаништа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука