Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Млад охриѓанец пазарел по продавници и бензински пумпи со картичка која ја пронашол на улица

Охрид, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 18-годишниот А.А. од Охрид.

– Тој, на 5-ти март 2023 година, на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, пронашол паричник во кој имало платежни картички и други документи, при што противправно во неколку наврати, неовластено ја искористил платежната картичка во неколку продавници и бензински пумпи, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука