Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Пријава за лице од Охрид кое неовластено поставило лежалки и чадори за сонце на охридска плажа

Охрид, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 65-годишниот С.Р. од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

– С.Р., како сопственик и управител на правното лице, во периодот од јуни до септември 2022 година, на плажа на охридското крајбрежје, на површина од околу 80 метри квадратни, неовластено поставил 50 лежалки и 25 чадори за сонце. Тоа го направиле без да поседуваат одобрение за тоа, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при општина Охрид и без да платат соодветен надомест за користење на државен имот, а со намера да остварат незаконски профит, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука