ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Министерот Лога се’ уште ја чека на писмено одлуката на комисијата за да се избрише здружението „Цар Борис III“ во Охрид

Скопје/Охрид, 29. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за правда во Владата на Република Македонија Кренар Лога се’ уште ја чека на писмено вчерашната одлука за здружението „Цар Борис III“ во Орхид на комисијата за употреба на имиња на личности, за да ја потпише и формално да влезе на сила.

Комисијата вчера даде негативно мислење за употребата на името на бугарскиот клуб во Охрид, со образложение дека предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Се наведе дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно беше потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка.

Здружението „Цар Борис III“ неодамна поднесе дополнителни документи до Централниот регистар за усогласување со Законот за здруженијата и фондации и со тоа доби дополнително време, односно предметот за ова здружение не е разгледуван на последната седница на Комисијата за употреба на имиња. Комисијата донесе негативно мислење за употреба на името „Иван Михајлов“ во Битола.

Согласно измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Комисијата за употреба на имиња на личности ја сочинуваат пет члена од кои по еден претставник од министерствата за правда и за култура, еден од Институтот за национална историја и двајца, кои доаѓаат од редовите на МАНУ. (Крај)

извор: Канал 5/ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука