ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Здружението „Цар Борис III“ поднело дополнителни документи до Централниот регистар, самото ќе си даде нов назив

Скопје/Охрид, 17. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Здружението „Цар Борис III“ поднело дополнителни документи до Централниот регистар за усогласување со Законот за здруженијата и фондации и со тоа доби дополнително време, односно предметот за ова здружение не е разгледуван на вчерашната седница на Комисијата за употреба на имиња.

Комисијата вчера донесе негативно мислење за употреба на името „Иван Михајлов“, а за „Цар Борис III“ добила известување дека здруженето поднело дополнителна документација за да се усогласи со Законот. Ова значи дека здружението на Бугари „Цар Борис III“ со седиште во Охрид самото ќе си даде нов назив и нема да биде избришано од Централниот регистар, што пак се очекува следната недела да се случи со здружението на Бугари „Иван Михајлов“ со седиште во Битола.

Од Министерството за правда велат дека Комисијата за имиња ќе продолжи да работи, ќе ги разгледува и сите останати 17.000 регистрирани здруженија во Македонија, а ќе заседава и секогаш кога во Централниот регистар ќе се појави барање за упис на здружение или фондација со назив со име на историска личност. (Крај)

извор: Слободен печат фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука