Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 16. степени

Охрид, 1. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– Денес времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, со умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Повремен локален дожд ќе има и утре. Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Потоа во следните два дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремен дожд, а на повисоките места од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука