Забава Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Струшки семафор: Семафор сум дете, имам светла четири! (Фото)

Струга/Охрид, 2. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Шо ти е град, дури и семафорите наместо по три, имаат по четири светла!!!

Вака на шега коментираат читатели на OhridPress, кои до редакцијата испратија фотографија од семафорот, кој привремено го регулира сообраќајот на новиот пат Струга-Охрид, на потегот кај мостот, каде се изведуваат градежни работи.

Најверојатно се работи за дополнителен уред за сигнализација, поставен на семафорот, кој покажува уште колку секунди треба да почекаат возачите. Тој денеска не работеше, па целата случка беше „овековечена“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука