Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Научни истражувања во пештерите во Националниот парк „Галичица“

Охрид, 3. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во НП Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, во тек се комплексни научни истражувања во пештерите во паркот.

– Експертски тим од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје спроведува спелеолошки, биоспелеолошки, петрографски и микроклиматски испитувања во пештерите на Галичица. Тимот работи на утврдување на состојбата на пештерските екосистеми и на влијанието на климатските промени врз пештерите. Целта на истражувањата е конзервација и заштита на пештерските екосистеми од негативните ефекти на климатските промени, информираат од Црвен крст Охрид.

Можно е да е слика од 2 луѓе

Можно е да е слика од 1 лице

Проектот го спроведуваат Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Охрид и Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје во соработка со Националниот парк „Галичица“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука