ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

66 лица од Охрид гласале на вчерашните парламентарни избори во Бугарија

Охрид, 3. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Иако немало пријавено ниту едно лице, сепак 66 лица од Охрид го оствариле своето гласачко право на парламентарните избори во Бугарија што се одржаа вчера.

Според податоците објавени на веб страницата на бугарската Централна изборна комисија, на избирачко место лоцирано во седиштето на поранешниот клуб „Цар Борис III“, гласале 66 граѓани. Преброени се 61 важечко и 5 неважечки ливчиња.

Нема достапен опис

Распоредот на гласови е следен:

БСП за Бугарија – 1
ГЕРБ-СДС – 23
Преродба – 4
Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 13
Движење за права и слободи ДПС – 16
Левицата – 1
ПП БЪЛГАРСКИ ВЪЗХОД – 1

Освен во Охрид, избирачки места беа отворени и во Скопје, Битола, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Тетово. На изборите можеа да гласаат и оние кои не се пријавиле, а и оние со времени патни исправи. Најмногу гласачи имало во Скопје, 185, а најмалку во Тетово, 8.

Вкупниот број на бугарски државјани кои гласале на овие избори во Република Македонија бил 453. Според резултатите од изборите, најмногу гласови добила коалицијата на Бојко Борисов ГЕРБ-СДС.

DW анализира за слабиот одѕив на бугарските парламентарни избори кај Бугарите во Македонија. Бројот на бугарски државјани кои гласале на избирачки места во Македонија бил 453, на изборите лани во октомври гласале 8 Бугари повеќе, односно вкупно 461. Вчерашните парламентарни избори во Бугарија беа петти по ред во две години, откако и по последните избори ниту една партија и коалиција не успеа да формира влада, поради што Бугарија функционираше со службена влада. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука