ЕКОЛОГИЈА Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Централната зграда на Шпаркасе банка во Охрид доби Станица за полнење на електрични возила

Охрид, 4. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Шпаркасе Банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија што има за цел да го намали негативното влијание врз животната средина, продолжува со реализација на значајни проекти со позитивно влијание врз средината, како и подигнување на свесноста кон значењето за заштеда на електрична енергија.

По инсталацијата на фотоволтаични системи на Централната зграда во Охрид, деновиве е поставена и Станица за полнење на електрични возила.

Шпаркасе Банка АД Скопје во својата стратегија на работење, особено внимание посветува на рационално користење на електричната енергија и управувањето со животната средина. За таа цел во континуитет се работи на воспоставување енергетско ефикасни решенија како и на пристап за подобро разбирање и подобрување на одржливоста на објектите на Шпаркасе Банка АД Скопје и сопствено користење на енергијата, а со тоа и влијанието врз животната средина.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука