Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Казни за 16 пешаци од Охрид и 13 од Струга поради небезбедно минување на коловоз

Охрид, 4. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти април 2023 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, при преземени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 32 пешаци кои небезбедно преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премни или минувалиште, од кои 16 во Охрид, 13 во Струга и 3 во Кичево.

– Против нив биле поднесени соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука