Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

УЈП со апел до граѓаните: Не отворајте СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава од УЈП

Скопје, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https: ujp-gov.mk/potvrda.

– Граѓани, никако не отворајте ја оваа лажна веб страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите слика од вашата лична карта. Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница, може да предизвика нивна злоупотреба, стои во апелот од УЈП.

Можно е да е слика од текст

Можно е да е слика од еден или повеќемина и текст

Додаваат дека споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница може да предизвика нивна злоупотреба.

– Веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба, соопштија од УЈП. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука