Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Од денес треба да се применуваат замрзнатите цени на 11 видови овошје и зеленчук

Скопје/Охрид, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска стапува на сила одлуката на Владата за замрзнување на цените 11 видови овошје и зеленчук.

Се однесува на свежи домати, свежи краставици, кромидот, карфиолот, свежи зелени пиперки гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот. Па, така кромидот не може да биде поскап од 60 денари, доматите од 70, гравот од 75 денари.

Овие производи се избрани бидејќи анализите покажале дека кај некои имало големи маржи што достигнувале 200 до 250 %.

Замрзнатите цени ќе важат до крај на месецов, а ќе ги мора да ги применуваат сите трговци на овошје и зелечук и малопродажни маркети.

Од Државниот пазарен инспекторат најавија дека ќе има контроли и на зелените пазари и посочија дека досега направиле повеќе од 1.800 инспекциски контроли при што во неколку случаи констатирале прекршувања на претходните владини одлуки за што изрекле глоби во висина од над 2,5 милиони денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука