Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 17 возачи во Охрид и 55 од Струга кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Охрид/Струга, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти април 2023 година, во периодот од 12:00 до 18:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид биле спроведени засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 89 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 17 во Охрид, 55 во Струга, 13 во Кичево и 4 во Дебар, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука