Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во куќа во струшко Октиси, настрада 84-годишно лице

Струга, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во ОВР Струга било пријавено дека во 03:30 часот во струшкото село Октиси, настанал пожар во куќа сопственост на лицето М.М.

– Од здобиените повреди во пожарот починал 84-годишниот И.М. од Октиси, татко на М.М., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Екипа на Територијалната противпожарна единица Струга го изгаснала пожарот по што бил извршен увид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука