Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Крводарителска акција во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, собрани 18 крвни единици

Охрид, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид денеска беше спроведена крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина и Црвениот крст од Охрид.

Собрани беа 18 крвни единици и нашиот Центар уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција. Дарувањето крв е највисок чин на човекољубие, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука