Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков приреди Ифтарска вечера за верниците од исламската вероисповед од Охрид

Охрид, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ми претставува особена чест и задоволство што во духот на заедништвото и взаемното почитување, ја организиравме оваа традиционална Ифтарска вечера, со цел да испратиме порака за поголема хуманост и солидарност, порача Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков по денешната Ифтарска вечера со верниците од исламската вероисповед од Охрид.

– Рамазанскиот пост ги буди и ги поттикнува најголемите човечки вредности и ни дава поука дека добрите дела се основен предуслов за мир и благосостојба.  Нека овој свет месец на сите верници им донесе радост, добра мисла и нека биде значаен мотив за поголемо разбирање и хармонија. Празниците не учат да простуваме, помагајќи си едни на други и затоа посакувам вербата во Бога да ни даде сила да продолжиме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на мултиетничкото живеење и заеднички да градиме поубава иднина за нашиот Охрид и нашата Македонија. Нека ви е на здравје постот и во радост и мир да го дочекате големиот празник Рамазан Бајрам. Нека вашите молитви ви донесат многу љубов, а вашите домови нека се исполнат со радост, која ги грее срцата и носи мир во душите. Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме на ваков начин, сполотени и заеднички, да ги чествуваме сите големи верски празници и да создаваме моменти вредни за спомен и достојни за пофалба, порача Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука