Забава Избор

SUPER Fresh music: Regard & Ella Henderson – No Sleep

Охрид, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Dardan Aliu, професионално познат како Regard е познат Dj и продуцент од Косово, кој светска слава постигна во 2019 година со неговиот ремикс на песната „Ride It“ на Jay Sean.

30-годишниот музичар кој е номиниран и за BRIT награда, неодамна ја објави новата песна „No Sleep“, во соработка со Ella Henderson.

– „No Sleep“ е совршен пример за тоа како една транс песна, во комбинација со неверојатниот вокал на Ella може да ви помогне да ја надминете изгубената љубов, вели Regard за новата песна.

Ова младо момче е само уште еден доказ за тоа колку е мал светот денеска и дека со добра идеја, но и многу работа и вложување во себе, може да успеете, без оглед на тоа од кој дел на светот доаѓате.

Новото време носи нови херои, нови начини на живот и уживање во еден од најубавите светови – светот на музиката.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука