ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Електрични столбови со кабли кои висат се честа слика низ охридските улици (Фото)

Охрид, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Електрични столбови со кабли што висат за жал се честа слика низ охридските улици, парковите и во стариот дел на градот.

Читатели на OhridPress до нашата редакција испратија фотографии на кои се гледа како кабли висат од столбовите, а на некои иако заштитниот капак е тука, истиот не е соодветно прицврстен. Металните капаци често пати се и мета на неодговорни поединци кои ги оштеуваат за потоа да ги продадат за старо железо.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Како и да е ваквата сосотојба е опасна за граѓаните, а особено за најмладите и под итно мора да се реагира и да се санира.

Граѓаните апелираат до надлежните да се поправат оштетените, а таму каде воопшто нема повторно да се стават заштитни метални капаци на столбовите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука