Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Владата со одлука трговците кои продаваат овошје и зеленчук, да прибавуваат и продаваат 70% од количината продадена во јануари и февруари

Скопје, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на последната, 144. седница донесе одлука трговците кои продаваат овошје и зеленчук, да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количествата коишто ги продале во текот на јануари и февруари.

Оваа одлука, којашто следува по одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април.

Заклучено е дека е потребна ваква одлука, како што соопшти предлагачот, Министерството за економија, по координативниот состанок на надлежните институции во врска со предметното прашање. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука