Избор Охрид Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Во септември во Охрид и Струга ќе се одржи Светско екипно првенство во шах

Охрид, 6. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и Струга, од 19-ти до 29-ти септември ќе бидат домаќини на Светското екипно првенство во шах за сениори.

За првпат во историјата на самостојна Македонија, ФИДЕ и додели на ШФМ и нашата земја организација на настан од светски рамки.

– После 50 години Македонија ќе биде домаќин на едно големо светско шаховско натпреварување. Секоја чест и благодарност на сите кои се вклучија во овој проект и нѐ поддржаа, истакна претседателот на Шаховската федерација на Македонија, Саша Богдановиќ, по добивање на организацијата на Светското првенство. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука