Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Министерот Николовски во посета на Monastery Winery: Вековната традиција за производство на вино, преточена во мирот и тишината што ги нуди ова место е божествена

Охрид, 7. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија Љупчо Николовски денеска оствари посета на Monastery Winery во охридското село Опеница, млада винарија, која се наоѓа под манастирот „Св. Кузман и Дамјан“, опкружена со прекрасна природа.

– Во македонското село Опеница охридско, на надморска височина од 770 метри во прекрасна шума, се наоѓа малата семејна винарија Monastery Winery. Вековната традиција на семејството за производство на вино, преточена во мирот и тишината што ги нуди ова место е божествена. Ваквите винарии се доказ дека нашата мерка за поддршка на малите семејни винарии е успешна насекаде низ државата, не само во Тиквешијата, порача министерот Николовски.

Приказната на Мonastery Winery започна во 2019 година, кога после години правење и дегустација, добивање комплименти и пофалби, решиле да ги споделат нивните вина со светот. Основачи на винаријата се Стефан Кочоски, Филип Василески и Димче Ѓорѓиески. Сега во винаријата прават околу 10.000 шишиња вино годишно.

Повеќе за Monastery Winery од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива видео: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука