Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Собор на св. арх. Гаврил

Охрид, 8. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26-ти март, Собор на св. арх. Гаврил.

Тој е еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Свети Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гаврил кој стојам пред Бога“. Неговото име Гаврил значи маж Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде оној што ќе се роди од Пречистата Дева.

Некои дознаа дека истиот тој Гаврил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие.

Светите отци мислат дека Гаврил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат поблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука