Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

„Рибарите“ најавија „инвазија“ на Струга за езерското дерби: Бидете дел од Охридската флота која денеска ќе плови кон Струга

Охрид, 8. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од навивачката група „Рибари“ од Охрид најавија вистинска „инвазија“ на соседна Струга за денешното езерско дерби.

– Бидете дел од Охридската флота која ќе плови кон Струга. Натпреварот кој го чекаме повеќе од 20 години конечно е пред нас. Време е за најголемиот спектакл виден во нашата историја. Собирот ќе биде во сабота точно во 12:00 часот на Градскиот плоштад. Ова е настан кој ќе се прераскажува, порачаа охридските навивачи.

Во рамки на 23-то коло во втората македонска лига денеска ќе се одигра „езерското“ фудбалско дерби помеѓу екипите на Охрид Лихнидос и Караорман.

„Паткарите“ ќе бидат домаќини на „рибарите“. Натпреварот ќе се одигра на стадионот на ФК Краорман со почеток во 15:00 часот.

Охридските фудбалери и натаму се седми на табелата со 33 бодови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука