Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид меѓу градовите каде РКЕ за 15 месеци издаде лиценци за 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори

Скопје/Охрид, 8. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – За петнаесет месеци Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Станува збор за вкупна инсталирана моќност од 191,6 MW што е приклучена на мрежа за една година и три месеци и со која може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка од десет градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен, Дојран, Дебар и Виница.

– Во првото тромесечје од 2023 година Регулаторна комисија за енергетика издаде лиценци за 133 фотонапонски електроцентрали со моќност од 39,4 MW. Ако се гледа кумулативно со претходната година од кога стартуваше т.н Елдорадо за инвестиции во обновливи извори, во земјава на мрежа се вклучени капацитети со инсталирана можност од 191,6 MW, со која може да се задоволат потребите на близу 76 000 домаќинствата со просечна потрошувачка, односно може да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата од десет градови. За да може да се искористи енергијата од Сонце и во текот на ноќните часови во фаза на изработка сме на правила што ќе ја регулираат процедура во поставувањето на батериите пред се како комплементарен, но и засебен дел од секоја изградена централа, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Во 2022 години РКЕ, се вели во соопштението, им издаде лиценци на вкупно 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталиран вкупен капацитет од 152.2 MW. Од нив 106.5 MW се ФЕЦ, додека 36 MW се за ветерни електроцентрали, а 7,2 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за тероелектроцентрали на биогас. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука