ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Срамизам ТОП ВЕСТИ

„Срамизам“: Или средете ги, или сменете ги

Охрид, 8. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.

– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.

Денешниот „срамизам“ повторно сведочи случајот за кој пишувавме пред десетина дена, односно искршената клупа, која или се’ уште не е санирана, или е повторно скршена, што веќе сериозно го отвора прашањето за квалитетот на поставените клупи.

– Или средете ги, или сменете ги, коментираат охриѓани.

Е па пријатели… Срамизам… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука