ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Охрид некогаш: Црквата „Св. Јован Канео“ во далечната 1920 година

Охрид, 9. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата The Balkans е објавена ретка фотографија на девојка во традиционална носија од далечната 1920 година.

– Жена во традиционална облека пред црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид во 1920 година, стои во објавата.

Покрај убавата носија, на фотографијата може да се види тогашната црква, градена со материјалите и знаењето достапно во тој момент, но и малиот објект кој се наоѓа на самата карпа лево на фотографијата.

Прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: The Balkans

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука