Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Одлични резултати за ученици од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на регионалниот натпревар по англиски јазик

Охрид, 9. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар по англиски јазик за учениците од средните училишта, кој се оджа на 8-ми април 2023 година.

– Ученичката Андреа Савиќ од прва година, под менторство на професорката Борка Секулоска- Вретоска го освои првото место, а учениците Филип Гугоски од прва година, Андреј Цацаноски и Виктор Попов од трета година под менторство на професорката Борка Секулоска- Вретоска како и Ана Спироска и Фросина Нечовска ученички во втора година под менторство на професорката Ива Стрезоска Кичеец го освоија второто место, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Сите ученици се стекнаа со право на учество на државниот натпревар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука