Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Ќе се доделуваат канти за отпад за жителите на улиците „Кузман Шапкарев“, „Ѓорче Петров“ и дел од „Питу Гули”

Охрид, 11. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат активностите за доделување на канти за отпад на жителите на улиците „Кузман Шапкарев“, „Ѓорче Петров“ и дел од „Питу Гули” (парни броеви од куќи опфат бр.124-бр.402 и напарни броеви од куќи опфат бр.61-бр.101).

– Граѓаните ќе можат кантите да ги подигнат во просториите на Секторот за механизација при ЈП „Охридски Комуналец“ лоциран на улицата „АСНОМ“ во период од 12.04.2023 до 11.05.2023 година, од 08:00 до 13:00 часот секој работен ден (од понеделник до петок). Граѓаните при подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од ЈП „Охридски Комуналец“, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука