ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ѓоргиевска: Немањето лиценца за испитен центар во Охрид се одрази на работата на авто школите

Охрид, 11. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од еден месец кандидатите кои завршиле со обука за возачи не можат да полагаат возачки испит.

Причината е што на постоечкиот испитен центар му е истечена лиценцата, а вчера е објавен нов конкурс за избор, откако претходниот не бил успешен.

Работата застана, кандидатите не доаѓаат да завршат со часови додека нема комисија, многу малку се запишуваат нови. На нас како авто школи ни криви ни должни, немањето лиценца за испитен центар во Охрид ни се одрази на работата, вели за Супер радио и OhridPress Бети Ѓоргиевска, сопственик и инструктор во авто школата „Ролекс“ од Охрид.

Нема опис за фотографијата.

– Од почетокот на март, еве веќе повеќе од еден месец кандидатите кои завршиле со обука не можат да полагаат за возачки испит. Објавен е нов конкурс, административно до каде ќе оди постапката не можам точно да проценам, но според мене ќе помине уште толку додека завршат постапките за добивање лиценца. Секако дека ова влијае на обемот на нашата работа, потенцира Ѓоргиевска.

Нема опис за фотографијата.

И покрај ваквата ситуација, Ѓоргиевска препорачува и ги повикува сите оние кои се заинтересирани, да си го почнат процесот на обука, надевајќи се дека лиценцата ќе биде одобрена во некое нормално време, штом ја завршат обуката ќе излезат на испит. Во секој случај да си почнат со обука и да го искористата овој период кога нема многу гужва.

Можно е да е слика од автомобил и пат

Министерството за внатрешни работи вчера го објави јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Охрид, кој трае 15 дена и во кој се наведени условите што треба да ги исполнуваат фирмите што ќе учествуваат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука