Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МТСП: Во чест на Велигден, петок и понеделник се неработни денови

Скопје/Охрид, 11. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), петок, 14-ти април 2023 година, Велики Петок, ден пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Понеделник, 17-ти април 2023 година, втор ден Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Верни на востановената традиција, и оваа година имаме бројни неработни денови и продолжени викенди за прослава на празниците. Повеќе ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука