Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Охрид некогаш: Црквата „Св. Јован Канео“ во 1917 година

Охрид, 11. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На популарната Facebook страница Охрид кој веќе го нема, објавена е прекрасна фотографија, која според администраторите датира од 1917 година.

– Канео некогаш, во 1917 година, напиша администраторот Милчо Георгиевски на објавата на фотографијата.

На фотографијата може да се види дел од стар охридски рибарски чун, но и малата црквичка во подножјето на црквата „Св. Јован Канео“.

Прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид кој веќе го нема

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука