Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Владата го прифати Предлогoт на закон за ратификација на Спогодбата со Албанија за делегирање услуги во воздушниот сообраќај на дел од воздушниот простор над Охридското Езеро

Скопје/Охрид, 11. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на денешната, 146-та седница, го разгледа и прифати Предлогoт на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу македонската Влада и Советот на министри на Република Албанија, за делегирање услуги во воздушниот сообраќај на дел на воздушниот простор над Охридското Езеро и го достави до македонското Собрание на разгледување и усвојување.

Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија, за делегирање услуги во воздушниот сообраќај на дел на воздушниот простор над Охридското Езеро е потпишана во Скопје на 14-ти ноември 2022 година.

Со оваа Спогодба, Република Албанија (земја којашто делегира услуги), ја делегира на Република Македонија (земја којашто дава услуги), одговорноста за давање услуги во воздушниот сообраќај (услуги за давање на информации за лет, услуги за тревожење, советодавни услуги во воздушниот сообраќај, услуги за контрола на летање), во дел на воздушниот простор којшто се протега над територијата на Република Албанија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука