Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Убавините на Охрид и Македонија на најпрестижниот туристички саем во Турција, EMITT во Истанбул

Истанбул/Охрид, 12. Април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), заедно со туристичкиот сектор се дел од најголемата интернационална саемска манифестација во Истанбул, Турција.

На 26-тата меѓународна изложба за туризам и патување ЕМIТТ- East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition се промовира нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи.

– На репрезентативен штанд заедно со македонскиот туристички сектор меѓу кои, Бадем Тур, ЈК Травел, хотел Фама, СУ хотел, општина Струга и ПЦС Тур ќе ја промовираат нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи. Од 12-ти до 15-ти април илјадници странски посетители ќе се запознаат со природните убавини, историските, културните знаменитости и етно-гастро туризмот на Македонија. Се очекува изложбениот простор на Република Македонија традиционално да е посетен од бројни високи претставици од Република Турција, како и значајни учесници од реалниот сектор, информираат од агенцијата.

Можно е да е слика од 15 луѓе

ЕМIТТ продолжува да ја обликува индустријата со корисни содржини и партнерства и е клучна платформа за развој на туристичката индустрија и помагање на туристичкото стопанство да добие поголем импулс.

Со саемското претставување на EMITT туристичкиот сектор отвора нови можности за зголемување на бројот на турски туристи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука