Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Бурно деноноќие според полицискиот Билтен: Пронајдена дрога, пожар…

Охрид, 12. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информациите од полицискиот Билтен сведочат за бурно деноноќие на територијата на СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишниот А.И. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. При претрес во неговото патничко возило марка „Ауди“ на улицата „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и кокаин.

На 11-ти април 2023 година, во 16:50 часот во СВР Охрид, пријавено e дека во охридското село Шипокно, настанал пожар во викенд куќа сопственост на 82-годишниот П.Ч. од Охрид. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид извршија полициски екипи.

На 11-ти април 2023 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се сообраќајни контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 43 пешаци кои извршиле небезбедно преминување на улица и преминување надвор од обележан пешачки премин или минувалиште (Охрид 9, Струга 22, Кичево 10 и Дебар 2).

Во Билтенот е поместена и една постара вест.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 44-годишниот В.Ц. од струшкото село Октиси поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој, на 5-ти март 2023 година, со употреба на копија од клуч влегол во домот на 62-годишната Т.М. од истото село и одзел 5.700 евра и 800 швајцарски франци. По преземени мерки од полициски службеници, парите биле пронајдени и вратени на оштетената. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука