Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно и ветровито време со повремени врнежи од дожд и температура до 15. степени

Охрид, 14. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и ветровито време со повремени врнежи од дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 15. степени.

– Денес ќе има повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и силен ветер (над 70 км/час). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука